дома Македонија Голема зaгyбa: Пoчинa штипjaнецот за кој се coбираа дoнaции бидejќи не го...

Голема зaгyбa: Пoчинa штипjaнецот за кој се coбираа дoнaции бидejќи не го примаа во бoлницa

Почина штипјанецот за кој се собираа донации за лекување од Ковид. 53годишниот текстилен работник Ристе Донев рано утринава ја изгуби битката со вирусот.. Пред две седмици неговиот син на социјалните мрежи со апел кога државата не може, тогаш можат граѓанител објавува Алфа ТВ

Тој побара да им се помогне со финансиски средства за да може да го лекуваат во приватна клиника.За да го спасат им беа потребни минимум 12.000евра. Неговото име и презиме ќе се најде на листата со пациенти за кои нема место во државните клиники. Неговиот син тогаш изјави дека и покрај дебелите врски кој ги повлекол, не успеал да најде слободен кревет

„За лекуваање на државно, пробавме секаде, па дури и преку министерот Филипче. Единствено место имаше во Козле, меѓутоа таму ми рекоа дека е за полесни пациенти и ништо не успеавме да направиме на државно и покренамае иницијатива за хоспитализирање во приватна клиника„-изјави неговиот син Михаило Донев.