дома Актуелно ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО АРАЧИНОВО: Уапсен финансиер на Зоран Заев, нарко-дилер од...

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО АРАЧИНОВО: Уапсен финансиер на Зоран Заев, нарко-дилер од Арачиново!

Во текот на вчерашниот ден извршена е голема полициска акција во која полицијата привела повеќе лица кои се сомничат за шверц на дрога, меѓу кои е и братот на претседателот на општинската организација на СДСМ во Арачиново, дознаваме од извори во истрагата.

 

На акцијата, како што додаваат нашите извори, се работело подолго време, извршени се претреси на повеќе локации при што лишени се од слобода тројца прилепчани со иницијали Ф.П., М.К. И В.В., едно лице од битола со иницијали И.Т., како и Н.Х. од Сингелич и Е.З. од Арачиново, а по две лица се уште се трага.  

Се претпоставува дека приведените лица од Битола и Прилеп хероинот и кокаинот ги набавувале од Арачиново, по што ги препродавале.

 

Инаку, првоосомничениот имал блиски контакти со коалициониот партнер на Зоран Заев, Зијадин Села, па оттука се поставува прашањето дали можеби токму тој бил линкот помеѓу Зоран Заев и Зијадин Села?

За нарко-босовите од блиското окружување на Зоран Заев пишувавме и минатата година пред и по изборите кои се одржаа на 11-ти декември. Повеќе информации за ова можете да прочитате на следниот линк:

ЗАЕВ И СПАСОВСКИ ВО ДРУШТВО НА НАРКО-БОС: СДСМ ја завршува кампањата онака како што ја започна – со криминалци!