дома Актуелно Голема полициcka akциja во copaботка со ДEA: 3aпленета е дpoга во вpeдност...

Голема полициcka akциja во copaботка со ДEA: 3aпленета е дpoга во вpeдност од 800 илјади евра, yaпceн полициckи cлyжбeник

Пред малку министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на социјалната мрежа Фејсбук сподели ифнормација дека во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА е запленета дрога во вредност од 800 илјади евра.

-Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник.
Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, пишува Спасовски на Фејсбук.

Претходно американската амбасада посочи дека соработува со МВР и другите институции, но не коментира истраги што се во тек.

-„Не коментираме истраги што се во тек, Амбасадата на САД има тесна соработка со МВР, како и со другите владини министерства и институции во Северна Македонија, за да се постигнат заедничките цели за спроведување на законот и владеење на правото, вклучувајќи регионална соработка за спроведување на законот и борбата против тероризмот“,

Од МВР велат дека полициската акција е во тек и дека повеќе детали ќе има во текот на денот.