дома Хроника ГОЛЕМА ТЕПАЧКА НА ПАРТИЗАНСКА: Расправија преминала во голема тепачка

ГОЛЕМА ТЕПАЧКА НА ПАРТИЗАНСКА: Расправија преминала во голема тепачка

На 09.09.2016 година во 22.40 часот во Скопје  на бул.„ Партизански Одреди“ во угостителски објект дошло до нарушување на Јавниот ред и мир во кое учествувале осум непознати лица од кои пет од едната и три лица од другата страна.

По претходна расправија помеѓу нив настанала тепачка во која биле употребени различни предмети и делови од инвентарот во угостителскиот објект.

Во тепачката со телесни повреди се здобиле едно шеснаесетгодишно девојче и М.Т. (21) од Прилеп.

По нарушувањето сите инволвирани избегале од местото настанот. По извршени консултации со Јавен обвинител,  настанот е квалификуван како кривично дело „насилство“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.