дома Хроника Голема трагедија на Божик во Свети Николе

Голема трагедија на Божик во Свети Николе

Вчера на Божик во 09 часот и 30 минути во селото Сопот-светиниколско, во дворот од куќата на 58-годишниот Ж.П. се случила трагедеија.

Од полицијата информираат дека настанал пожар во помошна просторија, а при гаснење на пожарот од страна на месното население пронајден е починат сопственикот.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полицијата. Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.