дома Хроника Голема трагедија – Пoчинa 34-годишна жена од Батинци

Голема трагедија – Пoчинa 34-годишна жена од Батинци

Синоќа околу 22 часот и 30 минути во полициска станица Драчево било пријавено дека во село Батинци 34 годишна жена паднала од поткровјето од куќа и починала на лице место. Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош. На местото излегла екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството.