дома Свет Голема трагедија: Тинејџери правеле селфи на шини и наишол воз

Голема трагедија: Тинејџери правеле селфи на шини и наишол воз

Двајца тинејџери ги загубиле своите животи додека се обидувале да направат селфи на железничка пруга во индиската престолнина Њу Делхи.

Група тинејџери отишле за време на викендот на пруга во источниот дел од градот за да се фотографираат пред возовите кои доаѓале. Меѓутоа, двајца од нив не успеале на време да се тргнат и ги удрил воз, пренесува „Би-би-си“.

Локалните медиуми денес ги објавија деталите за оваа голема трагедија.

Во студијата која била направена минатата година се наведува дека во Индија е забележан голем број на смртни случаи поврзани со селфија, отколку во било која друга земја во светот.