дома Европа ГОЛЕМИ ПРОПУСТИ НА ГЕРМАНСКИТЕ,ИТАЛИЈАНСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ СЛУЖБИ: Американците го знаеле и следеле...

ГОЛЕМИ ПРОПУСТИ НА ГЕРМАНСКИТЕ,ИТАЛИЈАНСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ СЛУЖБИ: Американците го знаеле и следеле терористот од Берлин

Додека Германија се уште трае потерата по Анис Амри, 24-годишниот Тунижанец кој го изврши терористичкиот  напад во Берлин, многу информации укажуваат на пропусти на германските, италијанските и американските служби.

Според Њујорк тајмс, Амри е на листата на кои им е забранет влез во авионите во САД. Американските безбедносни служби го имале „на радар“ и го следеле неговото движење преку интернет.

Тие забележале дека Амри најмалку еднаш бил во контакт со ИСИС преку интернет, преку апликацијата „Телеграм месинџер“, но и дека истражувал како се прават експлозивни направи.

Претходно е соопштено дека Амри го привлекол вниманието на германската антитерористичка полиција. Медиумите во Германија се прашуваат како е можно да се допушти смртоносниот напад во Берлин?

Пред да појде во Германија, Амри издржувал четиригодишна затворска казна во Италија заради подметнување пожар. Од затворот е пуштен бидејќи не било возможно да се депортира во татковината, пренесоа италијанските медиуми.