дома Хроника Голем пожар во кочанско, ветрот го шири огнот по полињата

Голем пожар во кочанско, ветрот го шири огнот по полињата

Пожар изби вечерва во поле во близината на Кочани. Пожарот се простира од селото Уларци, до Оризари, јавува „СДK.МК“ потпирајќи се на изјава на СВР Штип.

Не е познато како изби пожарот, се знае само дека горат полињата од Уларци до Оризари. Пожарната екипа е на терен, но проблем прави ветрот кој го засилува огнот. Во овој момент не можеме ништо повеќе да ви кажеме, изјавија од Штипската полиција за порталот.

Ветерот кој дува во таа област, прави дополнителен проблем на пожарникарите во обидот да го локализираат пожарот. Тие спречуваат оганот да не се рашири по селата.