дома Балкан Голем прислушkyвачки ckaндaл во Бугарија, прислушkувани 32 политичари меѓу кои и техничкиот...

Голем прислушkyвачки ckaндaл во Бугарија, прислушkувани 32 политичари меѓу кои и техничкиот премиер

Техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев бил меѓу прислушуваните политичари. Ова за бугарската телевизија НОВА го потврди министерот за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков.

Претходно денес Обвинителството на градот Софија нареди да се спроведе истрага поради наводите за прислушување на политичари, јави дописникот на МИА.

Националното биро за контрола на разузнавачките средства мора да изврши инспекција во Дирекцијата за внатрешна безбедност – Министерството за внатрешни работи, Генералниот директорат за борба против организираниот криминал и Државната агенција за национална безбедност.

По завршувањето на увидот, Обвинителството на градот Софија ќе информира за утврдените факти.

Партијата Демократска Бугарија објави дека 32 политички фигури, вклучително и водачи на листи од изборите на 4 април, биле прислушувани и следени од три единици на служби во Бугарија. Според нив, нападот бил само врз партиите што ја критикуваат владата на ГЕРБ.