дома Свет ГОЛЕМ СРАМ: Глумицата дознала дека нејзиниот сопруг е геј откако го затекнала...

ГОЛЕМ СРАМ: Глумицата дознала дека нејзиниот сопруг е геј откако го затекнала во кревет со нејзиниот татко

За жените во брак најлошото сценарио е доколку мажот ги изневери. Но, некои славни жени морале да се соочат со уште поголем срам. Односно, нивните сопрузи ги изневериле со други мажи, и тоа пред целиот свет.

Овие познати жени морале да се соочат со таков вид на изневерување и да сведочат пред целиот свет колку им било тешко. Исповедувањето на Ванеса Редгрејв е една од најсилните и најневеројатните животни приказни. Таа се соочила со предизвикот што нејзиниот сопруг е геј, но во нејзиниот случај работите испаднале уште полоши.

Имено, нејзиниот сопруг Тони Ричардсон со кој имала исклучително интензивна и сексуална врска, го затекнала во кревет со нејзиниот татко, глумецот Мајкл Редгрејв. Во моментот кога Ванеса дознала дека нејзиниот сопруг и нејзиниот татко се љубовници, Мајкл ѝ рекол:

“Драга, ти го сакаш, јас го сакам. Не гледам во што е проблемот”.

Сега, глумицата е среќно омажена за италијанскиот глумец Франк Нера со кој има син, Карл Габриел Нера.

Помеѓу низата на славни жени кои се соочиле со овој проблем била и Кери Фишер, која поминала 4 години со Брајан Лурд, а тој ја напуштил поради друг маж. Крис Џенер беше во брак со олимпиецот Брус Џенер, кој после разводот во 2015 година се претвори во жена, Кејтлин Џенер. Ребека де Алба беше 14 години во врска со пејачот Рики Мартин, кој во 2010 година ѝ признал дека е геј.