дома Занимливости Голф од 1983 година се продава за 19.000 евра

Голф од 1983 година се продава за 19.000 евра

На популарниот германски сајт за продажба на автомобили Mobile.de се појави оглас за првата генерација голф ГТИ по цена од 19.000 евра. Се работи за модел произведен во 1983 година, но не може да се рече дека се работи за истата кола.


Овој голф, кој се нуди во Штутгарт е значително изменет, моторот наместо стандардните 115 развива неверојатни 600 коњски сили. Исто така, исфарбан е со специјална боја, а вградени се големи црвени алуминиумски фелни Во игласот се наведува дека иако автомобилот е произведен пред 33 години, има поминато само 5.000 км, а на фотографиите се гледа дека внатрешноста на возилото е во одлична состојба.
Сепак, многумина велат дека сево ова не може да ја оправда високата цена.