Македонскиот селектор Раул Гонзалес по натпреварот со Шпанија која заврши 20:31 за „Црвената фурија“ беше видно разочаран од играта и резултатот на македонските ракометари.
-Изигравме катастрофа. Имавме 7 разлика во првите минути и мислам дека немавме шанса. Треба да заборавиме и да продолжиме понатаму, истакна Гонзалес.
Тој посочи дека за селекцијата голем проблем е повредата на капитенот Кире Лазаров.