дома Спорт ГОРАН ПАНДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ЛЕГЕНДИ: Најдобриот македонски фудбалер со 100 настапи во...

ГОРАН ПАНДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ЛЕГЕНДИ: Најдобриот македонски фудбалер со 100 настапи во репрезентативниот дрес на Македонија

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, вечерва, на Националната арена „Филип Втори“ на мeчoт со Летонија го игра 100-от настап во дресот на А репрезентацијата.

По тој повод „Гранде Пандев“, доби признанија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Европската куќа на фудбалот (УЕФА), а претходно капитенот на „црвено жолтите“ доби специјален подарок од соиграчите.

Пандев во „клубот 100“ му се придружи на Гоце Седлоски кој моментално е во тренерските води.

Новиот „мистер 100“ дебитираше минатата деценија, а низ годините носеше огромна радост со своите погодоци.

Пандев е најдобар cтpeлeц во македонската фудбалска репрезентација со 33 погодоци.