Горан Сугаревски избран за претседател на Надзорниот одбор на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево се одржа првата седница на новоизбраниот Надзорен одбор на СДСМ, на којашто за претседател беше избран Горан Сугаревски, а на оваа седница се поставија и темелите за понатамошна работа.

Надзорниот одбор на СДСМ во иднина фокусот на работата го става токму на одговорноста, отчетноста и почитувањето на Етичкиот Кодес од страна на сите избрани и именувани функционери, но и на сите членови.

„Со Етичкиот кодекс СДСМ дефинираше највисоки етички стандарди во поглед на чесноста, транспарентноста, одговорноста. Оваа генерација политичари во СДСМ дава пример и конкретен придонес. Преку одговорен мерит систем, за почитување на нормите и владеењето на правото, како и стандардите за етичко, одговорно, отчетно, професионално и транспратентно однесување и работење. Тука очекувам максимален анжаман и посветеност на Надзорниот одбор и убеден сум дека тоа ќе го направите. Тоа се нашите вредности”, посочи Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во обрaќањето пред членовите на СДСМ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This