дома Актуелно ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА НА ФЕЈСБУК ПО ИЗБОРОТ: Ја повикав ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка...

ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА НА ФЕЈСБУК ПО ИЗБОРОТ: Ја повикав ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила во Македонија да се обединиме против „заевизмот“!

Почитувани граѓани, денеска ја повикав ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила во Македонија да се обединиме со сите што се наоѓаме во заедничкиот фронт понижени, омаловажени, длабоко навредени од неодговорните потези на заевизмот.

Власта треба да биде од народот, за народот и на народот! Претседателот треба да биде прв во тоа! Јас многу сум добила од Македонија и сега е време да и вратам за тоа, пишува професорката Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук откако денеска беше избрана за кандидат за претседател на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга.