дома Хроника ГОРЕШЕ ФАБРИКА ЗА ТУТУН ВО БИТОЛСКО: Се запали магацин на фабриката за...

ГОРЕШЕ ФАБРИКА ЗА ТУТУН ВО БИТОЛСКО: Се запали магацин на фабриката за тутун „Сокотаб“

Вчера, во 15,00 часот било пријавено дека во Битола-село Драгожани, во ладилна комора во магацин од фабрика за преработка на тутун “Сокотаб“, избувнал пожар. За време на пожарот во магацинот не се изведувале никакви активности и немало лица.

Од страна на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.