дома Европа Горивата од полноќ со нова цена

Горивата од полноќ со нова цена

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави нови цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената на бензините и дизелот се зголеми за половина денар.

Во моментов цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 69,50 ден/лит, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство остана иста.