дома Хроника ГОРИ ДУШЕВНАТА БОЛНИЦА ВО ДЕМИР ХИСАР

ГОРИ ДУШЕВНАТА БОЛНИЦА ВО ДЕМИР ХИСАР

Гори душевната болница во Демир Хисар.

Доцна вечерва избувна пожар во психијатриската болница во Демир Хисар. Гори зградата на поранешното женско одделение која сега не е во функција и која е во владение на државата односно општината.

Во моментот на пожарот во објектот немало никој ниту пак имало електрична енергија, што ја исклучува можноста дека пожарот настанал од инсталацијата.

Неофицијално, како што пишуваат дел од медиумите, пожарот започнал од кровната конструкција и се проширил на вториот кат.

Пожарот се уште не е локализиран, и во моментов екипите на противпожарната единица сите се на терен.

Повеќе информации во текот на денот…