дома Локално ГОРИ И КУЧКОВО

ГОРИ И КУЧКОВО

Попладнево избувна нов пожар, во Општина Ѓорче Петров, во Кучково.

Според тоа што може да го забележи екипата на Макфакс, гори планински предел, над куќите, на непристапен терен.

Од тоа што може да се забележи на терен сè уште нема пожарникарски екипи.

Ова е втор пожар во општината за само една недела. Претходно голем пожар имаше во Орман.

Градоначалникот Сокол Митревски вчера апелираше до граѓаните да се вклучат во гаснење на пожарите, а претседателите на месните заедници да ја подобрат организациската поставеност на својата територија, а тоа значи граѓаните активно да учествуваат во гаснењето на пожарите во рамките на своите можности.