дома Хроника ГОРИ СКОПСКА ЦРНА ГОРА: Голем шумски пожар беснее на скопска Црна Гора!

ГОРИ СКОПСКА ЦРНА ГОРА: Голем шумски пожар беснее на скопска Црна Гора!

Голем шумски пожар, кој два дена беснее на Скопска Црна Гора доби на интензитет и зафати површина од околу 500 хектари.

Во моментов активни се три жаришта на потегот меѓу селата Раштак и Булачани. Горат дрва и сува трева. Гаснењето оди тешко поради непристапноста на теренот, а според информации  од Скопската противпожарна бригада засега нема опасност за локалните куќи во селата. 30 луѓе активно се на терен.

-Очекуваме поддршка и од воздух и сме во комуникација и координација со Дирекцијата за заштита и спасување,  велат од Скопската противпожарна бригада.