дома Хроника Гостиварчанка си произведувала мapихyaна по дома

Гостиварчанка си произведувала мapихyaна по дома

На 22.05.2021 во Гостивар полициски службеници од Полициска станица Гостивар ja лишиле од слобода Г.Б.(27) од Гостивар поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по чл.215 од Кривичниот Законик.

По извршен претрес од полициските службеници во 21:45, а по претходно издадена судска наредба од Основен суд Гостивар во нејзиниот дом во Гостивар била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.