дома Македонија Гостивар ocтaнa бeз вoдa: 3aгaдeнa e вoдaтa, дa нe ce кopиcти зa...

Гостивар ocтaнa бeз вoдa: 3aгaдeнa e вoдaтa, дa нe ce кopиcти зa пиeњe

Водата од гостиварската водоводна мрежа е загадена – да не се користи за пиење, информираат од Општина Гостивар.

Поради облините врнежи од дожд деновиве, дошло до заматување на водата во изворот на реката Вардар и следствено на тоа, водата од гостиварската водоводна мрежа е загадена и не смее да се користи за пиење, известуваат од ЈКП „Комуналец“ Гостивар.

Забраната за користење на водата за пиење, ќе важи до наредното известување.

Општина Гостивар бара разбирање од граѓаните.