дома Македонија ГОТОВО, ЈА НАМАЛИЈА ЗАГАДЕНОСТА: Престануваат да важат мерките за заштита од загаденост...

ГОТОВО, ЈА НАМАЛИЈА ЗАГАДЕНОСТА: Престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот во Тетово

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот, бидејќи ПМ10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од Владата.

Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух (ДАМСК), средно-дневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен во последните два дена во Тетово.

Со тоа престануваат да важат мерките во случај на надминат праг на алармирање за ПМ 10 честички за овој град, соопштија од Владата.