дома Македонија ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЌЕ ПОЧЕКА: Прашањето за ликот и делото на Делчев ќе...

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЌЕ ПОЧЕКА: Прашањето за ликот и делото на Делчев ќе се решава по летните одмори

Барањето на Бугарија за вонредна средба на Комисијата за историски и образовни прашања помеѓу двете држави, на која требаше да се забрзаат напорите за решавање на нeдоразбирањата, особено во поглед на ликот и делото на Гоце Делчев, беше одбиено од Македонија. објавува „Софија глоуб“.

Копретседателот на бугарската страна на Комисијата, претходно испратил барање за состанување на ова тело пред крајот на месецов.

Бугарските медиуми известија дека во одговорот од македонската страна е наведено оти состанувањето на комисијата не е можно поради летните одмори. Тие наведуваат дека следната средба ќе се одржи на 12 или на 13 септември.

ЕУ ја одложи одлуката за почнување на пристапните преговори со Македонија и со Албанија за октомври кога се очекува повторно да се состанат шефовите на дипломатиите на Унијата.