дома КОВИД-19 (Коронавирус) „Го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина“: Бил Гејтс потпиша договор...

„Го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина“: Бил Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за соработка во производството на вакцина против коронавирусот, како и да ја забрзаат и да обезбедат што е можно поскоро дистрибуција на одобрената вакцина низ целиот свет.

„Меѓу другото, компаниите се согласија да соработуваат во производството на вакцини и да го зголемат производството со невидена стапка, осигурувајќи дека одобрените вакцини ќе се дистрибуираат што е можно поскоро“, вели Бил Гејтс..

Според него, во моментов најголемиот дел од светскиот фонд на вакцини против Ковид-19 се планира да биде испратен во богатите земји, но тие богати земји не требало да се критикуваат.

„Тие прават нешто сосема разбирливо – обидувајќи се да го заштитат својот народ. Наместо критики, треба значително да го зголемиме капацитетот на светот за производство на вакцини. На овој начин можеме да ги покриеме сите без разлика каде живеат“, вели Гејтс.