дома Македонија ГО ЗНАЕТЕ ЛИ ОВОЈ ЧОВЕК КОЈ НЕ СЕ ,,БАВИ“ СО НАС: Министерот...

ГО ЗНАЕТЕ ЛИ ОВОЈ ЧОВЕК КОЈ НЕ СЕ ,,БАВИ“ СО НАС: Министерот или ,,Командант Вентили“ не се „бави“ со нас, ама го плаќаме со 72.621 денари секој месец

“Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, или познат како ,,Командант Вентили“кој не се „бави“ со граѓаните, месечно го плаќаме 72.621 денари нето, покажа алатката за отчетност на Влада. Ако не се „бави“ со нас, зошто тогаш да го плаќаме?
Ако не се бави со загадувањето, зошто е тогаш министер? Со што се „бави“? Министер е за да ДУИ бидат задоволни? Што имаме ние граѓаните од тоа? Ништо.

Додека цела земја се гуши од загадувањето, а посебно граѓаните на Скопје и Тетово, „типот“ за кој ретко кој знае во државата дека е министер, и кој секако е најодговорен за сериозниот проблем со загадувањето, „мр тов ладен“ вели дека не се „бави“ со граѓаните и ако тие сакат да тужат, нека тужат. Во Македонија за жал некои работи никако да се променат и вистинските луѓе да се постават на вакви одговорни позиции. Дураки е школски пример за тоа.