дома Сцена ГО КРИЕ ОД ЈАВНОСТА:Медиумите тврдат дека ова момче е љубовта на Анастасија...

ГО КРИЕ ОД ЈАВНОСТА:Медиумите тврдат дека ова момче е љубовта на Анастасија Ражнатовиќ

Спотот на Анастасија Ражнатовиќ за песната „Совршен пар“ е еден од најгледаните на Јутуб, а младата пејачка може да се пофали дека нејзината песна е една од најслушаните во регионот.

Насловот на песната доволно кажува дека Анастасија ја пронашла среќата покрај Ѓорѓи Куљиќ со кого ужива во љубовна врска, пренесуваат српските медиуми.

Иако тие подолго време уживаат во врската, никој од папараците не успеал да ги фотографира заедно.

„Мојот приватен живот секогаш беше под лупа на јавноста и тоа беше претерано. Сакам да го сочувам мојот приватен живот бидејќи не сакам така да се претставувам. Не го кријам, само не сакам јавно да се експонираме“, изјави Анастасија во една прилика.