Кралот на фолкот донел одлука да го напушти местото претседател на жирито кое три години го имаше во „Ѕвездите на Гранд“ по разговорот со сопственикот на „Пинк“ телевизијата Жељко Митровиќ и Милица Митровиќ.
„Во годините кога славам половина век на музичко создавање и шеесет петти роденден вистинско време е да донесам и некоја друга голема одлука, а мојата беше да ја превземам оваа одговорна позиција и на тој начин да помогнам на некои нови талентирани луѓе да го завземат своето место на естрадното небо. Им се заблагодарува на соработката на екипата со која бев до сега, и мислам дека заедно направивме проект на кој можеме да бидеме горди, и сигурен сум дека и сега со фантастични професионалци со „Пинк“ ќе го направиме истото во годините кои следат. Се радувам на соработката со новите продуценти и дружењето со колегите кои претставуваат сјајно и стручно жири. Ве уверувам дека сите ќе дадеме се од себе со искуство и совети ќе дадеме подстрек на некои нови музички ѕвезди и ќе овозможиме да на прав пат и најдобар начин ја изградат кариерата“, истакнал Шабан.