дома Хроника Го нaпaднaл coceдoт пopaди нepacчиcтeни имoтнo-пpaвни oднocи

Го нaпaднaл coceдoт пopaди нepacчиcтeни имoтнo-пpaвни oднocи

Во Полициска станица Гостивар вчера попладне повикан е 60-годишниот Р.Е. од гостиварска Горна Бањица, кој околу 13 часот и 20 минути во дворот пред семејната куќа физички го нападнал 72-годишниот Г.М. од истото село, инаку негов сосед.

-Според пријавеното од Г.М., напаѓачот Р.Е. користел и дрвен предмет, а причина за нападот биле нивни претходни нерасчистени имотно-правни односи, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против Р.Е. ќе следува соодветен поднесок.