дома Македонија ГО „ОПPABИ“ ТЕТОВО СЕГА НА РЕД Е ВАШИНГТОН: Дали Теута Арифи од...

ГО „ОПPABИ“ ТЕТОВО СЕГА НА РЕД Е ВАШИНГТОН: Дали Теута Арифи од ДУИ ќе биде новата македонска амбасадорка во САД?

Дали е точно дека ќе има 4 нови амбасадори на државата и тоа: Теута Арифи во САД, Дане Талески во НАТО, Сашко Насев во Софија и Мишо Догмановиќ во Тел Авив, го праша денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека е прерано да дава свои ставови, појаснуваќи дека за некои од нив можеби претседателот нема да даде дозвола, а за некои МНР.

Прашањето го поставувам и во врска со принципите кои министерот за надворешни работи Никола Димитров ги спомена во 2017 година, зошто пред избори не треба да се упатуваат амбасадори во важни политички дипломатски центри и тогаш случајот беше поврзан со Александар Николовски, за кого Владата одлучи врз основа на тие принципи да не го упати за амбасадор“, рече Милошоски.
Премиерот потенцира дека приоритет во моментов е да се испрати амбасадор во НАТО и нагласи дека деновиве ќе разговара со Димитров и ќе му посочи да ја забрза постапката.

Милошоски не беше задоволен од одговорот и нагласи оти Владата не треба во предизборен период да испраќа, како што рече, политички амбасадори во важни дипломатски центри.