дома Занимливости ГО ОТВОРИЛ „ПЕНЏЕРЧЕТО“: Авионски патник ја отворил вратата од авионот за да...

ГО ОТВОРИЛ „ПЕНЏЕРЧЕТО“: Авионски патник ја отворил вратата од авионот за да „влезе свеж воздух“

Патник на една кинеска авио-компанија ја отворил вратата за опасности за да дојде до „свеж воздух“, поради што бил задржан во полиција 15 дена и ќе мора да плати каза

По слетувањето на авионот од нискобуџетната компанија „Лаки ер флајт“, на аеродромот во градот Мијањанг на југозападот на Кина, 25 годишен патник, чие презиме го објави полицијата, Чен, ијзавил дека чекал 10 минути сите патници да излезат и дека во авионот било премногу загушливо и топло.

Тој потоа ја подигнал рачката, вратата испаднала и се активирал гумениот тобоган за евакуација на патници.

„Кога испадна вратата, ме фати паника“, рекол Чен во полиција, пренесува „Саут Чајна морнинг пост“.

Тој веднаш е уапсен и предаден на локалните власти, кои го испитувале 15 дена.

Аеродромските власти соопштиле дека ваквиот инцидент не предизвикал задржувања и одложување на летовите, а поправката на вратата од авионот била 100.000 јуани (13.000) евра.