дома Хроника ГО ПРЕТЕПАЛЕ ВРАБОТЕНИОТ НА ПАТАРИНА: 10 души излегле од автобус и го...

ГО ПРЕТЕПАЛЕ ВРАБОТЕНИОТ НА ПАТАРИНА: 10 души излегле од автобус и го претепале службеникот на патарината кај Гостивар!

При обид за наплата на патарина на автобус со скопски регистарски таблички на автопатот Гостивар-Тетово, на наплатна рампа за патарина на влез во Тетово, 10 непознати лица излегле од автобусот и физички го нападнале вработениот, 53-годишно лице од Тетово.

Инцидентот се случил синоќа околу 20.30 часот. Напаѓачите откорнале метална шипка и со неа ја искршиле кабината, по што заминале.

На вработениот му била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово, по што бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.