дома Македонија ГО ПРЕТЕPAA И СО ОГРАДУВАЊETO: СДСМ се огpaдува од лaжнaта вест за...

ГО ПРЕТЕPAA И СО ОГРАДУВАЊETO: СДСМ се огpaдува од лaжнaта вест за Мицкоски

СДСМ не ја демантра ниту пак ја осудува лажната вест објавена на порталот Пресцентар за наводен поткуп на лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски, кој според текстот објавен на овој портал, во стан во Будимпешта добил милион и шестотини илјади евра и строги инструкции од руски дипломати.

СДСМ се залага за објективно и транспарентно информирање. Како партија сметаме дека сите ние со заедничка работа може да придонесеме во борбата против лажните вести. СДСМ не шири лажни вести и комуницира одговорно и сметам дека нема никаква основа партијата да се поврзува со оваа тема на кој било начин, стои во одговорот на потпретседателот на партијата Коста Петров, во името на СДСМ испратен за Република.

Побаравме одговор и од Владата и од советникот на премиерот за медиуми Марјан Забрчанец, но засега оттаму нема одговор.