дома Македонија ГО ПУШТИЈА НИЗ ВОДА: И партнерот на Заев, Касами се откажа од...

ГО ПУШТИЈА НИЗ ВОДА: И партнерот на Заев, Касами се откажа од избори во јуни

Билал Касами, лидерот на Беса се откажува од намерата на неговиот коалициски партнер Зоран Заев за избори во јуни. Тој во изјава на „Слободна ТВ“ вели дека кога веќе нема договор за јуни, лидерите би можеле со ладни глави да се договорат за избори во јули.

Свесни сме дека во наредниот период ќе се соочуваме со економскиот дел. Ќе треба да се задолжуваме најмалку две милијарди евра. Затоа цениме дека треба да имаме Парламент. Затоа цениме дека најбрз можен рок во согласност со Уставните норми е да организираме избори. Но, тоа мора да биде со сите чинители. Ценам дека не сме до толку далеку за да не се договориме. Ако не јуни или август, со заладени глави може да има компромис и тоа да биде почетокот на јули, вели Касами