дома Хроника Го тепал медицинckиот пepcонал: Гостиварец yaпceн откако нaпaднaл екипа на брза пomoш

Го тепал медицинckиот пepcонал: Гостиварец yaпceн откако нaпaднaл екипа на брза пomoш

Гостиварец бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, откако бил пријавен дека нападнал вработена во гостиварската Брза помош. За насилното однесување, тој ќе заработи и соодветна пријава, по расчистување на настанот.

Според информациите на СВР Тетово, ноќеска, 20 јули, околу 1 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(42) од гостиварско Мало Турчане. Тој, дваесетина минути пред тоа, физички ја нападнал Ј.Ј.(60), вработена во Службата за брза помош, а оштетил и дел од инвентарот во простории.

Б.Б. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.