дома Актуелно Го moлам нapодот да стане и да бара пpaвда: Таткото и братот...

Го moлам нapодот да стане и да бара пpaвда: Таткото и братот ми изгopea пред очи ги слушав како вpиштaт, немаше пpoтивпожapeн апарат

Репортерката на Дојче Веле, Арбнора Мемети го објави на Твитер преводот од денешната изјава на Емши Ибин очевидец на кој татко и братот изгореа пред неговите очи.

Тој истакна дека шест дена седел во модуларната болница грижејќи се за својот тактко и брат, но не успеал да ги спаси од огнената стихија.

Тој потенцира дека апарат за гаснење пожар немало, а болницата била само една пластична барака со стиропор кој помогнал пожарот да се прошири со голема брзина.

Емши Ибин, очевидец на кој му се изгори пред очи таткото и братот:

Бев 6 дена внатре, бев инфермиер на мојот татко и брат, за тоа што клиниката нема персонал.
Јас се обидов да ги извадам нив, но не можев од црниот чад.

За тие кои викаат дека бараката имала противпожарен систем, тие се големи лаги. Баравме апарати за гасење на пожарот и тоа го немаше.

Модуларната болница беше само една пластична барака со стиропор кој помагаше да се прошири пожарот со голема брзина.

Сите пациенти што беа внатре ги видов со мои очи како вриштат…

Правдата е народот.

Се молам народот да стане и да бара правда за овие жртви.