дома Хроника ГРАБЕЖ ВО БАНКА ВО МАЏАРИ: Крадец со пиштол ограбил филијала на Стопанска...

ГРАБЕЖ ВО БАНКА ВО МАЏАРИ: Крадец со пиштол ограбил филијала на Стопанска банка во Маџари

Утринава под закана од пиштол ограбена е филијала на Стопанска банка во Маџари, при што е одземена голема сума на пари, а случајот за Скопје 24 го потврди полицијата.

Имено, утринава во 08 часот и 50 минути е пријавено дека на улица Благоја Стевковски, филијала на Стопанска банка е ограбена од едно непознато маскирано лице кое било вооружано со пиштол и одзело 100.000 денари и 1.500 евра, а потоа го напуштило местото и се упатило во непознат правец, велат од МВР.

Увидот на настанот сеуште е во тек.