дома Македонија ГРАДИНКИТЕ ОД 1 СЕПТЕМВРИ ЌЕ РАБОТАТ ДВОСМЕНСКИ: Од 7 до 21.30 часот

ГРАДИНКИТЕ ОД 1 СЕПТЕМВРИ ЌЕ РАБОТАТ ДВОСМЕНСКИ: Од 7 до 21.30 часот

Градинките од 1 септември треба да почнат со двосменско работење.

Првите смени ќе бидат од 7 до 14.30 часот, а вторите од 14 до 21.30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8 до 16 часот.

Детските установи кои имаат повеќе објекти, според тоа колкав е интересот на граѓаните за чување на нивните деца во попладневните часови ќе треба да определат колку од градинките ќе работат двосменски.