дома Македонија ГРАДИНКИТЕ ПРЕПОЛНИ: Родителите со месеци чекаат да го запишат своето дете во...

ГРАДИНКИТЕ ПРЕПОЛНИ: Родителите со месеци чекаат да го запишат своето дете во градинка

Голем број на родители веќе подолг период се жалат дека градинките на ниво на цела држава се со преполн капацитет. Имено тие се жалат дека со месеци чекаат нивните деца да бидат примени во градинка.

Ова го покажува и малиот број на градинки. Откако актуелната владејачка гарнитура е на власт се отворени само 6 градинки и неколку простории во веќе постоечките градинки. Но овие градинки со кои се фалат од Владата предводена од СДСМ, всушност се проекти започнати од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а другите беа оставени во завршна фаза.

Кога станува збор за градинките значаен е податокот дека претходната влада во 2014 и 2015 изгради 18 нови градинки. Во перидот до 2016 беа отворени 25 приватни градинки. Но сегашната влада не го продолжи овој проект, туку го укина.