дома Македонија ГРАДОНАЧАЛНИКОТ (МАРЛ)БОРО ПУШТЕН НА СЛОБОДА: Градоначалникот – шверцер, пуштен на слобода!

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ (МАРЛ)БОРО ПУШТЕН НА СЛОБОДА: Градоначалникот – шверцер, пуштен на слобода!

Иако беа живи фатени од страна на полицијата при нивниот обид за шверц на 35 илјади кутии цигари во вредност од 5.5 милиони денари, петмината обвинети на чело со градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев добија преквалификација на делото за кое првично беа обвинети.

Наместо „се занимавале“ со пренесување  на непријавена стока во „се обиделе“ да извршат пренесување на непријавена стока.

Тоа, всушност, на целото дело му даде друга насока во извршувањето.

Како адвокат на обвинетиот градоначалник од редовите на СДСМ се појави личниот адвокат на премиерот Зоран Заев. Потоа беше донесена одлуката, градоначалникот шверцер на цигари да биде пуштен на слобода. Тој излезе од притвор и до правосилност на пресудата ќе остане дома.

Пред воопшто да започне судењето, уште пред изведувањето на обвинителниот акт, обвинителката задолжена за овој случај го преквалификува делото- наместо да бидат гонети за криумчарење на непријавена стока, тие се обвинети за обид за криумчарење.