дома Македонија ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕВЧАНИ ДОБИ ЛОПАТА ЗА НОВА ГОДИНА: Граѓаните со подарок го...

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕВЧАНИ ДОБИ ЛОПАТА ЗА НОВА ГОДИНА: Граѓаните со подарок го потикнуваат да се фати за работа

УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани новогодишно го изненади градоначалникот на општината Сашо Јанковски. Имено претставници на УМС лично му врачија на градоначалникот поклон за Нова Година. Се работи за нова лопата која треба да го потикне градоначалникот да реализира нови проекти за општото добро на граѓаните.

-По повод новогодишните и божиќните празници УМС Вевчани му ја честита новата година на Градоначалникот на О. Вевчани и водену му врачи поклон – Лопата, со цел поттик во реализација на нови проекти за доброто на жителите на О. Вевчани. Среќни празници! УМС ВЕВЧАНМИ ЗА ВЕВЧАНИ И ВЕВЧАНЦИ!