дома Македонија Градоначалникот на Желино од Беса – време е да ја ypнеме Владата

Градоначалникот на Желино од Беса – време е да ја ypнеме Владата

Кандидатот на Движењето Беса за градоначалник на Желинo, Блерим Сејдиу преку социјалните мрежи се изјасни за новото парламентарно мнозинство, пренесува ТВ21.

Сејдиу вели дека Беса ја тргнале ДУИ од Желино, а следно е да ја тргнат од Владата.

Ние ја тргнавме ДУИ од Желино, сега на ред е од Владата да ја тргнеме“, напиша Сејдиу.

Инаку, одлуката на ДИК да го прифати барањето на ДУИ за прегласување на избирачкото место 2107 во Желино го доведе во прашање парламентарното мнозинство, додека Движењето Беса ја разгледува можноста за напуштање на парламентарното мнозинство.