дома Хроника ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЗЕЛЕНИКОВО НАТЕПАЛ НАСТАВНИЧКА: Борче Гиевски, градоначалник на Зелениково физички нападнал...

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЗЕЛЕНИКОВО НАТЕПАЛ НАСТАВНИЧКА: Борче Гиевски, градоначалник на Зелениково физички нападнал наставничка!

Градоначалникот на општина Зелениково Борче Гиевски, вчера во вторникот физички нападнал и повредил наставничка која барала прием во неговиот кабинет, без очигледна причина и повод

Освен билтенска информација, од МВР не даваат дополителни информации.

На 04.09.2018 година околу 12,00 часот С.К. пријавила дека во Општина Зелениково барајќи прием кај Градоначалникот истиот вербално ја нападнал и насилно ја истуркал со вратата. Пријавителката, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски” побарала медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во билтенот на МВР.

Оштетената наставничка, Стефани Ниче на својот ФБ профил јавно објави дека била нападната од страна на градоначалникот, но реакции од соодветните синдикати и НВО изостана.