дома КОВИД-19 (Коронавирус) Градоначалникот на Охрид во изoлaциja, нeгoвитe poдитeли ce пoзитивни нa Koвид-19

Градоначалникот на Охрид во изoлaциja, нeгoвитe poдитeли ce пoзитивни нa Koвид-19

И покрај почитувањето на сите мерки и препораки за превенција, моите родители имаат позитивен тест на Корона вирусот КОВИД-19, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во својата објава додава:

За среќа, за сега имаат лесна клиничка слика.

Согласно утврдените здравствени протоколи јас и целото мое семејство во текот на наредниот период ќе бидеме во изолација.
Упатувам апел до сите граѓани да бидат внимателни и максимално да ги почитуваат мерките за заштита.