дома Занимливости Градоначалникот на Центар, Богдановиќ и неговата идна сопруга ќе се венчаат во...

Градоначалникот на Центар, Богдановиќ и неговата идна сопруга ќе се венчаат во недела во Грачаница

Во Косово се запознале, во Косово ќе се обврзат на верност и пред Бога. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и неговата избраничка Јелена Брауновиќ во недела закажаа венчавка во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница во присуство на најтесните семејства, кумовите и старосватовите.

По церемонијата планиран е свечен ручек, додека свадбената веселба е оставена за некои подобри времиња во Скопје.

Идната сопруга на Богдановиќ е наставничка во основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје. Меѓусебно, како што вели градоначалникот на Центар за ммс.мк, се познаваат три години, а повеќе од една година се во љубовна врска.