дома Политика ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЃОРЧЕ ГО ИСПРАТИ ПЕНДАРОВСКИ СО ЗУРЛИ, ТАПАНИ И ОРО: Во...

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЃОРЧЕ ГО ИСПРАТИ ПЕНДАРОВСКИ СО ЗУРЛИ, ТАПАНИ И ОРО: Во нему својтвен стил Наумовски со плех музика ја затвори трибината на Пендаровски

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, се развеселил за време на вчерашната трибина во општината, во рамки на кампањата на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

Наумовски, според фотографија што ја објави на својот фејсбук профил, на крајот се фатил на оро откако во Домот на културата во општината, каде што и се одржуваше трибината, дошле свирачи со зурли и тапани.