дома Локално Градоначалникот Темелковски си призна дека не направил ништо:Малку му биле 4 години

Градоначалникот Темелковски си призна дека не направил ништо:Малку му биле 4 години

Малку беа 4 години за да се донесе ДУП на Расадник, се пожали градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски во „Студио 10“ на ТВ24.

“Во изминатите 4 години дел од работите не ги завршивме. Малку беа 4 години да се донесе ДУП на Расадник. Ние сега немаме средства за да го откупиме тој простор. Треба да ги зголемиме даноците, што би било на штета на граѓаните. Таму ќе има станбен дел, но има и голем општествен дел, вели Темелковски.„