дома Локално ГРАДСКИОТ ПАРК КАКО ЗОНА ЗА ПАРКИРАЊЕ: Зеленилото во Градскиот парк узурпирано од...

ГРАДСКИОТ ПАРК КАКО ЗОНА ЗА ПАРКИРАЊЕ: Зеленилото во Градскиот парк узурпирано од возила

За време на викендот скопјани во најголем број го посетуваат Градскиот парк, особено во летните и пролетните денови кога времето е убаво. Но изминативе месеци, како никогаш до сега, може да се забележат голем број на возила паркирани на патеките за пешачење, а дел од возилата се оставени и на тревните површини.

 

Како што може да се види на фотографиите од денеска, најмалку дваесетина возила биле паркирани во реонот зад Луна-паркот, но и на други места во паркот каде што паркирање н е дозволено, а граѓаните сведочат дека оваа глетка не е ништо ново, туку истото се повторува неколку викенди наназад.

И на фотографиите од пред десетина дена може јасно да види како автомобили и комбиња движат по патеките кои се намементи за пешаќење во најголемиот парк во Скопје.

 

Како со години нешто вакво не можеше да се види во Градскиот парк, а сега за само неколку месеци станува пракса, оставаме да се запрашаат градските власти и да проценат дали можеби треба Градскиот парк да се трансформира во зелена паркинг зона.

 

(фото – Република)