дома Локално ГРАД СКОПЈЕ ЗА ПРОПАЃАЊЕТО НА КАМИОНОТ: Грешката е кај возачот, површинските фонтани...

ГРАД СКОПЈЕ ЗА ПРОПАЃАЊЕТО НА КАМИОНОТ: Грешката е кај возачот, површинските фонтани не се за по нив да се движат возила

Сакаме да нагласиме дека површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е градена според сите стандарди за изведба на ваков тип фонтани, велат од Градот.

Град Скопје реагира на написите што беа пласирани во медиумите во врска со пропаѓањето на камион во површинската фонтана на плоштадот „Македонија“, како и на обвинувањата дека станува збор за неквалитетна градба на оваа фонтана.

Во продолжение ви ја пренесуваме реакцијата на Град Скопје.

Сакаме да нагласиме дека површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е градена според сите стандарди за изведба на ваков тип фонтани. Станува збор за површинска, таканаречена сува фонтана со вкопано армирано-бетонско корито.

Водата што прска од фонтаната понира меѓу плочите, се прочистува и се враќа во системот. Поради таквиот начин на работа, површинските фонтани никаде во светот не се предвидени по нив да се движат возила, а особено не тешки товарни возила.